Monday, April 14, 2014

За најдобрите другарки

За девојките што се бројат на прсти на мојата десна рака, за истите кои се тука кога сум тажна , оние кои  секогаш  со мене гордо стојат кога грешам, оние со кои се смееме до солзи и плачеме на сет глас. Оние кои в лице ми кажуваат кога сум ги  повредила, наместо да зборат позади грб, оние со кои знаеме да си кажеме извини и веднаш си простуваме, некои кои се далеку но сепак блиску во мислите и нашите срца . Тие девојки со кои го вртиме градот по полноќ зошто не мачат некои проблеми, оние со кои длабоко си чуваме некои тајни. За девојките со кои се забавувам за најдобрите другарки што се бројат на прсти на мојта десна рака.



No comments:

Post a Comment