Thursday, March 27, 2014

БИДИ И ТИ СУПЕРХЕРОЈ ЗА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА !


Ги повикуваме сите млади да дојдат и да се вклучат во акцијата “ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА” која ке се одржи на 29 март (сабота) со почеток од 20:30 часот на плоштадот Гоце Делчев каде ке бидат изгаснати светлата, како и во градскиот парк . За таа цел сите заинтересирани што сакат да се придружат треба да имаат бела или црвена маица, запалка со светилка и свеќа. Истите млади потребно е да дојдат во општинската организација на Црвен крст Струмица во 20:00 часот и од таму организирано да отидеме на центарот каде ќе се прават фотогфрафии кои истата нок ќе бидат пратени во Сингапур каде е седиштето на Часот на земјата планета. Акцијата во исто време ќе се случува во повеќе земји, па доколку одберат од нашите фотографии може да се случи да ја претставуваме државата надвор.
За таа цел ве покануваме да му се придружите на нашиот клуб и да ја поддржите оваа акција. Гаснењето ке биде од 20 :30 до 21:30, исти период во повеке држави.

No comments:

Post a Comment